Стапката на невработеност во еврозоната во јуни изнесувала 6,6 проценти, во ЕУ 6 отсто


Стапката на невработеност во еврозоната во јуни изнесувала 6,6 отсто, како и во мај, соопшти денеска статистичката служба на Европската унија, Евростат.

Невработеноста во 27-члената Европска унија исто така остана непроменета на месечна основа во јуни и изнесуваше 6,0 отсто.


Според податоците на веб-страницата на Евростат, во јуни во ЕУ имало 12,93 милиони невработени жени и мажи, наспроти 12,95 милиони во мај. Од нив, бројот на невработени во еврозоната изнесува 10,92 милиони, што е благ пораст во споредба со мајските 10,90 милиони невработени лица.

Најниски стапки на невработеност во јуни се забележани во Чешка (2,4%), Полска (2,7%) и Германија (2,8%), а највисоки во Шпанија (12,6%) и Грција (12,3%). јт/
Брисел, 1 август 2022 (МИА)



Видете следно

Потпишување на договор за новата инвестиција „e.GO” во ТИРЗ – Тетово

Во Технолошко-индустриската развојна зона (ТИРЗ) Тетово денеска ќе биде потпишан договорот за новата германска инвестиција …