Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за третото тримесечје од 2018 година е 3.0 %


Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за третото тримесечје од 2018 година е 3.0 %.

Во третото тримесечје од 2018 година, најголем пораст е забележан во секторите: Њ, О и П – Уметност, забава и рекреација; Други услужни дејности; Дејности на домаќинствата како работодавачи; дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби од 17.0 %; Е, Ж и З – Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 9.4 %; и К и Л – Стручни, научни и технички дејности; Административни и помошни услужни дејности од 7.7 %.

Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во третото тримесечје од 2018 година, номинално расте за 5.0 %, а нејзиното учество во структурата на брутодомашниот производ изнесува 62.5 %.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 16.4 %, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 12.6 %.


Видете следно

Дали папараците „го уловија“ Никола Груевски во Будимпешта ?

Здраво г-дине Груевски, сте за едно кафенце? pic.twitter.com/l6kMGdtrGh — Сплинтер (@sinisa_goliOtok) December 11, 2018