Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за третото тримесечје од 2019 година изнесува 3.6 %


Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за третото тримесечје од 2019 година изнесува 3.6 %.

Во третото тримесечје од 2019, најголем пораст е забележан во секторите: Б, В, Г и Д – Рударство и вадење на камен; Преработувачка индустрија; Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација; Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината од 6.8 %; Ѓ – Градежништво од 5.5 % и Е, Ж и З – Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 4.9 %.

Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во третото тримесечје од 2019 година, номинално расте за 4.6%, а нејзиното учество во структурата на брутодомашниот производ изнесува 65.6 %.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 8.4 %, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 10.9 %.


Видете следно

ОЈО Охрид поведе постапка за фалсификување исправи

Основното јавно обвинителство Охрид поведе постапка против седум лица за сторено кривично дело Фалсификување исправа …