Стапката на раст на бруто-домашниот производ во четвртото тримесечје од 2017 година е 1.2%


Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) во четвртото тримесечје од 2017 година е 1.2%.

Во четвртото тримесечје од 2017, најголем пораст е забележан во секторите: Е, Ж и З – Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 15.6%; А – Земјоделство, шумарство и рибарство од 4,0% и Б, В, Г и Д – Рударство и вадење на камен; Преработувачка индустрија; Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација; Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината од 1.1%.

Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во четвртото тримесечје од 2017 година, номинално расте за 4.9%, а нејзиното учество во структурата на бруто- домашниот производ изнесува 64.8%.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 14.9%, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 11.0%.

 


Видете следно

Средба на претседателот Пендаровски со министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Хајко Мас

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, вчера го прими министерот за надворешни работи на …