Старбакс со две кафулиња во Рим


Американскиот синџир кафулиња Старбакс (Starbucks) наскоро ќе отвори две установи во италијанската престолнина. Едниот Старбакс ќе проработи во близина на Ватиканските музеи, а за 2020 година е предвидено и второ кафуле во центарот на градот, во близина на станица Термини или плоштадот Шпанија, пишува “Кориере дела сера”.

До неодамна компанијата која има кафулиња во 78 земји во светот, немаше свое присутво во Италија. Првото италијанско кафуле на Старбакс беше отворено само минатата година во центарот на Милано. Тоа беше придружено од бурна полемика, бидејќи американската култура за пиење кафе е целосно нетипична за Италија и може да изврши притисок врз традиционалните италијански барови. Старбакс освен тоа го стимулираше садењето на палми и дрвја од банана во централниот плоштад на градот. Уредувањето предизвика критики бидејќи егзотичните дрвја не се во мода во Северна Италија.


Видете следно

Коста Ивановски, CFA назначен за нов член на Управниот одбор на Сава пензиско друштво АД Скопје

Според последните промени во органите на управување на Сава пензиско друштво АД Скопје, Коста Ивановски, …