Старт на #ФинХакатон


Од денеска до недела (од 6 до 8.07.2018 година) во просториите на  Министерството за финансии се случува Фин Хакатон –  натпревар на идеи, на кој треба да се креира веб апликација, видео или мултимедијална игра за граѓанскиот буџет.

Учесници на хакатонот се програмери, графички дизајнери, економисти и креатори на софтвер кои имаа можност да се пријавуваат на отворен конкурс, спроведен изминатите 10 дена.

На отворањето на Фин Хакатонот, ќе се обратат Д-р Драган Тевдовски, министер за финансии и Јован Деспотовски, директор на Фонд за иновации и технолошки развој.

Како подготовка на натпреварот, во средата (на 04.07.2018)  во новите простории на Фондот за иновации и технолошки развој, се одржа подготовка за тимовите – буткамп. На буткампот пријавените натпеварувачи имаа можност да се запознаат и да формираат тимови, кои за време на викендот ќе работат на своите идејни решенија. Во недела жирито ќе ги избере најдобрите предлози.

#ФинХакатон е во организација на Министерството во соработка со Фондот за иновации, а наградниот фонд за него изнесува 1,5 милиони евра.

Видете следно

Новиот Opel Combo прогласен за Меѓународниот ван на годината 2019

Новиот Opel Combo Cargo е меѓународен ван на годината за 2019 (IVOTY), најпосакуваната титула во …