Стартува #СкопјеГурман – најочекуваната гурманска кампања во градот, по четврти пат


Повторно започнува гурманската еуфорија во градот! Водечкиот сајт за групни попусти – Grouper.mk по четврти пат ја реализира најочекуваната кампања  во годината “Недела на храна” #СкопјеГурман која започнува на 4ти јуни, а ќе трае цел месец. 

Kампањата “Недела на храна #СкопјеГурманчетврти пат по ред ќе го претвори Скопје во најгурманско место до сега преку понудата на над 100 зделки по непобедливи промотивни цени од преку 70 локални ресторани. Годинава кампањата е поддржана од Mastercard и збогатена со специјална акција со омиленото пиво Скопско – 1+1 гратис, каде што со секој купен купон за пиво, се добива едно гратис, Во секоја кампања имаме екстра активности посветени на корисниците, па така и овој пат за сите гурмани и дегустатори на највкусните зделки припремивме подароци и други изненадувања.  Неколку пати во годината организираме тематски кампањи кои целат да промовираат одредена категорија и да понудат дополнителна вредност за граѓаните и вклучените компании.” –  кажуваат од Grouper.mk.

Во изминатите 3 години кампањата #СкопјеГурман предизвика забележителнa возбудa не само кај најдобрите угостителски објекти во градот, туку и кај наjголемите гурмани. Минатата година кампањата ја следеа преку 300.000 корисници и беа продадени над 17.000 купони. Оваа година од Grouper кажуваат дека ќе “врне” храна и попуст, а за најава на најгурманската кампања креираа интересно и креативно видео.


 

Овој јуни, груперската гурманска мапа вклучува угостителски објекти од сите делови на градот, a на менито можат да се најдат италијански специјалитети (Kaj Џино, Венето, Senigallia, Форца), сочни бургери (Центар Бар, Bistro Skopje), специјалитети од азиска и ориентална кујна (Star Ocean, Наргиле), за љубителите на здрава храна – смутиња, салати, протеински сендвичи (Soho House, Markt); слатки задоволства и десерти (Радост, Кремисимо, Chocolat Bistro) и уште многу други специјалитети и деликатесни места кои ќе ги отворат вратите за сите Grouper гурмани.

Овогодинешната кампања има и хуманитарен карактер, па така со секое купување на зделка од #СкопјеГурман со Mastercard картичка, Grouper  донира процент од сумата за оние кои им е најпотребно.

На крајот на вкусната кампања, и оваа година Grouper заедницата ќе ги одбере најдобрите ресторани во повеќе категории, а овој пат Grouper ќе ги избере и 10те најгурмани со најмногу купени купони за кои следуваат вредни подароци.

Повеќе информации за кампањата може да најдете на нивниот блог https://blog.grouper.mk/skopjegurman/

 


Видете следно

Градот Скопје денеска го затвора јавниот повик за субвенционирање на купувањето велосипеди за 2019 година

Градот Скопје ги информира граѓаните дека денеска го затвора јавниот повик за субвенционирање на купувањето …