СТАТ: Eкономската состојба на деловните субјекти во второто тримесечје од 2018 година е поповолна во однос на претходното тримесечје


Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во трговијата на мало во второто тримесечје од 2018 година е зголемен за 0.3 процентни поени во однос на претходното тримесечје, а зголемен за 0.9 процентни поени во однос на истото тримесечје од 2017 година.

Eкономската состојба на деловните субјекти во второто тримесечје од 2018 година е поповолна во однос на претходното тримесечје, а поповолна и во однос на истото тримесечје од 2017 година. Се очекува да биде поповолна и во наредните две тримесечја. Количeството на залихите е намалено во однос на претходното тримесечје.

Финансиската состојба во второто тримесечје од 2018 година е поповолна во однос на првото тримесечје од 2018 година, оценката за очекуваните порачки за наредниот период е поповолнa, а очекувањата за бројот на вработените се дека тој ќе се зголеми.

Продажните цени во второто тримесечје од 2018 година минимално се зголемиле во однос на првото тримесечје од 2018 година, а се очекува нивно зголемување и во наредните 3 месеци.

Најголемо влијание врз ограничувањето на економската состојба на деловните субјекти во текот на второто тримесечје од 2018 година имале: зголемената конкуренција на пазарот со 23.3 %, слабата побарувачка од купувачите со 22.7 %, зголемената понуда на пазарот со 16.5 % и недостигот на обучен кадар со 15.8 %.


Видете следно

После пет години се одржа Меѓувладината  комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка помеѓу Република Северна Македонија и Руската Федерација

Денеска во Охрид Меѓувладината  комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка помеѓу Република Северна Македонија и …