СТАТ: Реалната стапка на раст на БДП во 2017, во однос на 2016 година, изнесува 0.2 %


Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, добиени од годишните сметки на деловните субјекти и други извори, бруто-домашниот производ во 2017 година изнесува 616 600 милиони денари и во однос на 2016 година номинално е зголемен за 3.7 %. Реалната стапка на раст на БДП во 2017, во однос на 2016 година, изнесува 0.2 %.

Најголемо учество на додадената вредност во структурата на БДП во 2017 година имаат секторите: (Е, Ж и З) Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (20.0 %).

Финалната потрошувачка во 2017 година, во однос на 2016 година, номинално расте за 1.7 %, а во структурата на БДП учествува со 80.8 %.

Учеството на извозот на стоки и на услуги во структурата на БДП во 2017 година изнесува 55.4 %.

Вредноста на инвестициите во основни средства во 2017 година изнесува 135 318 милиони денари.

Во техничката структурата на инвестициите во основни средства, градежните работи учествуваат со 61.0 %, машините и опремата со 31.5 %, а останатите инвестиции со 7.5 %.


Видете следно

АНАЛИЗА: Скоро половина од државните фирми и јавни претпријатија со загуби!

 Од вкупно 29 Јавни претпријатија и акционерски друштва во целосна државна сопственост, 13 прикажале загуби …