Статистички податоци од Народна банка


Народна банка извести дека во последниот квартал од минатата година, кај финансиските трансакции со нерезиденти се остварени позначајни нето-приливи од директни инвестиции (313,8 милиони евра). Приливите по овие основи овозможија финансирање на дефицитот на тековната сметка и на нето-одливите кај другите компоненти на финансиската сметка и придонесоа за раст на девизните резерви од 141,1 милион евра.

 За 2018 година дефицитот во тековната сметка изнесува 31,9 милиони евра, или 0,3% од БДП. Во финансиската сметка нето-приливите главно од директни инвестиции (621,9 милиони евра) и портфолио инвестиции (320,3 милиони евра)  ги надминаа нето-одливите и  овозможија финансирање на дефицитот на тековната сметка и значителен раст на девизните резерви во 2018 година од 550,3 милиони евра.

 Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците: јануари 2019 година

–      Просечната каматна стапка на вкупните кредити во јануари продолжи да се намалува и се сведе на 5,30%, со умерено намалување забележано и кај каматната стапката на   кредитите на корпоративниот сектор и кај каматната стапка на кредитите на населението.

 –      Каматната стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор и на домаќинствата во јануари 2019 година изнесуваа  4,59% и 6,03%, соодветно.

 –      Во јануари, просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 1,42%, што е незначителна нагорна промена во однос на претходниот месец.

 –      Кај каматната стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор во јануари е забележана нагорна месечна промена и таа изнесува 1,72%, додека просечната каматна стапка на вкупните депозити на домаќинствата се задржа на декемвриското ниво од 1,38%.

 Позначајни движења кај останатите финансиски институции, (ОФИ): четврт квартал на 2018 година

Состојбата на вкупните средства на ОФИ, на крајот од четвртиот квартал од минатата година, изнесува 104.188 милиони денари, што претставува зголемување за 12.137 милиони денари во однос на крајот на 2017 година. Структурата на средствата на ОФИ укажува дека пензиските фондови и натаму имаат најголемо учество во вкупните средства од 63,3%, а по нив следуваат средствата на осигурителните друштва со учество од 21,8%.

Од гледна точка на структурата на средствата на ОФИ, должничките и сопственичките хартии од вредност како најзначајни инструменти учествуваат со 67,6%, додека во структурата на обврските преовладуваат техничките резерви на осигурување  и капиталните сметки  со учество од 91,8%.

НАПОМЕНА Во останатите финансиски институции се вклучени: инвестициските фондови, пензиските фондови, осигурителните друштва, друштвата за управување со инвестициските фондови и друштвата за управување со пензиските фондови, финансиските друштва и друштвата даватели на финансиски лизинг.

Повеќе информации на: http://nbrm.mk/ns-newsarticle-soopstenie-st-28022019.nspx


Видете следно

Пендаровски – Туск: Граѓаните на Северна Македонија заслужуваат европска иднина

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска оствари средба со претседателот на Европскиот совет, …