СТАТУАФЕСТ И БАСКЕРКАРАВАН од 20-22 јуни во центарот на Скопје


Од 20 до 22 јуни со почеток од 18:30 до 23 часот ќе се одржи Интернационалниот фестивал за баскери и живи статуи СТАТУАФЕСТ И БАСКЕРКАРАВАН. На фестивалот свое учество ќе земат светски познати артисти, баскери и живи статуи , од Шпанија, Германија, Украина, Венецуела, Хрватска, Србија и секако нашите професионални артисти од Северна Македонија.

За музичкиот дел се задолжени Тони Зен и ДЏ Бугимен, како и Онија Блузерите.

Фестивалот ќе се одржува на плоштад Македонија и на ул. Македонија која води од плоштад кон Мајка Тереза.

Главен покровител на фестивалот е град Скопје. Спонзори се винарска визба Тиквеш, Пакомак, Јавор Мрзенци – Меана Б, кафе бар Живот е циркус, Театар за деца и младинци, Клуб Матица.

Организатор на фестивалот е здружението на граѓани ТИМ ТЕАТРОС К од Скопје.



Видете следно

Од денеска до 3 ноември, во МСУ ИЗЛОЖБА НА 17 ИДЕЈНИ РЕШЕНИЈА ЗА УРЕДУВАЊЕ НА КАЛЕ

Градоначалникот Шилегов денеска присуствуваше на отворањето на изложбата „Уметничка тврдина: Меѓународен конкурс за изработка на …