Ставрески: Воведувањето на Е-Даноци нема да се одложува


Министерот за финансии Зоран Ставрески денеска напомена дека нема да се одлага воведувањето на системот е-даноци.

Според него, се работи за новина за која треба време додека компаниите се прилагодат и информираат.

– Не планираме продолжување на рокот, но планираме позасилена реклама на можноста, како и презентирање на можноста пред компаниите. Се работи за неколку илјади компании поради тоа што фазно се воведува. Значи не е за сите компании одеднаш и верувам дека одговорноста на компаниите и начинот на којшто ќе ја прифатат оваа новина ќе биде позитивна бидејќи се работи за нешто што заштедува време и пари, изјави вицепремиерот Ставрески.

Ставрески нагласи дека новиот систем на е-даноци е воведен во сите модерни економии.

Извор: скај.мк

 


Видете следно

Конференција за регионална соработка посветена на безбедноста при работа

Регионалната соработка, вмрежувањето на граѓанските организации од ИПА регионот, како и унапредување на регионалните граѓански …