Стефан Марковски е македонски претставник на годинешното издание на програмата Other words во шпанскиот град Сан Себастијан


Во рамки на резиденцијалниот престој, Марковски ќе го претстави своето творештво пред баскиската публика и ќе создаде кратко книжевно-уметничко дело кое ќе биде преведено и објавено на неколку европски јазици.

Целите на програмата Other words се состојат во промоција на соработката помеѓу авторите и книжевностите од различни јазични средини од релативно помал и регионален карактер.

Стефан Марковски е современ наградуван македонски писател, поет, сценарист и филозоф, автор на романи, збирки раскази, поетски книги, филозофско-есеистички дела и сценарија.

Неговите дела се објавени на неколку јазици. Главен и одговорен уредник е на литературното списание „Современост“ и е уредник на поетските збирки „Метрички карван“.


Видете следно

Шест стручни комисии одлучија 180 проекти да не добијат никаква подршка од Град Скопје

Град Скопје ги објави добитниците на Конкурсот за финансирање на манифестации, проекти и творештво на …