Conceptual photograph of a doctor holding and looking at a test tube while testing samples for presence of coronavirus (COVID-19).

Стигнаа анализите на МАНУ: Познато дали е присутен новиот вид на коронавирус кај нас


Резултатите од анализите направени во лабораторијата на МАНУ покажаа дека кај нас нема мутација на коронавирус, слична на таа која се појави во Велика Британија, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Тој истакна дека кај нас е присутен истиот вирус.

– Иако е присутен истиот вирус, тоа не е сигнал да ги намалиме мерките. И покрај тоа што опаѓа бројот на новозаразени, се уште треба да бидеме внимателни, бидејќи сега училиштата почнаа повторно да функционираат. Сите мерките за заштита остануваат и натаму. Следната недела ќе ја анализираме состојбата и врз основа на тоа ќе носиме други мерки и препораки, рече Филипче. ир/сп/

Скопје, 22 јануари 2021 (МИА)


Видете следно

Не е на нас политичарите да пресудуваме или да кажуваме за кој било случај и судска одлука дали е некој виновен или невин, вели Маричиќ

Говорот на омраза е кривично дело и ние секогаш како Влада сме застапувале спуштање на …