Стимул за возење електрични возила


Иднината е во електричните возила. Тоа, дефинитивно, го знаат граѓаните и купувачите. Покрај сериозните придобивки за заштита на животната средина, помалата потрошувачка на енергија и во намалената бучава, купувачите на електрични возила имаат бенефиции и од државата.

За секој кој сака електрично возило може да искористи низа мерки кои ги прават подостапни за потрошувачите. Овие мерки предвидуваат можност да се увезат електрични возила без царина и акциза, односно по повластена даночна стапка. Значи, државата свесно и намерно се откажува од својата „заработка“ само да ги стимулира и мотивира сопствените граѓани да купуваат вакви возила. Пример, од економски аспект, возило кое чини 35.000 евра, крајниот купувач ќе го добие за седум илјади евра помалку. Државата овозможува и субвенции за набавка на електрично возило. Македонија субвенционира околу 3.500 евра за автомобили кои чинат до 25.000 евра, односно државата дава 5.000 евра за автомобили кои чинат повеќе од оваа сума.

Постојат низа иницијативи и идеи (дел од нив веќе претворени во реални решенија) за зголемување на бројот на електрични возила. Пред неколку години се доставени низа иницијативи до неколку општини и институции во Македонија за субвенционирање на бесплатни регистрации, паркирањето да биде бесплатно, сопствениците на електрични возила да не плаќаат патарини и низа други поволности. Една иницијатива бара забрана за возила со мотори за внатрешно согорување низ централните градски подрачја, кои треба да бидат претворени во пешачки или велосипедски зони, а по потреба да минуваат само електрични возили за дистрибуција на одредена роба.

Освен сите мерки за стимулирање на продажбата на електрични возила, треба да се напомене и фактот на енергетска ефикасност и искористеност на капацитетите на електричните во однос на возилата со погон на внатрешно согорување. Електричните возила имаат искористеност на капацитетит од речиси 80%, односно за 100 единици енергија – полни 80 се трошат за движење на автомобилот. Споредбено, автомобил со мотор на внатрешно согорување се движи со 25% ефикасност од вкупно 100 единици енергија. Сопствениците на електрични возила имаат на располагање стабилна електрична мрежа. Посебно интересен е фактот дека батериите може да ги полнат навечер, кога електро-енергетската мрежа не работи со полно оптоварување (како што е преку ден).

Фактите говорат дека првото возило на електричен мотор во земјава е набавено во 2015 година. Во последните четири години, по македонските улици, се возат стотина електромобили. Секако, оваа бројка не е доволна во процесот на електрификација на автомобилите и постои сериозен потенцијал за развој на овој сегмент во индустријата.

За увоз на електрични автомобили постојат и други ослободувања. Акцизата за набавка е нула, отсто, исто како и царината за електрични возила кои се произведени во држави – членки на Европската Унија. Доколу возилата се произведени во други држави, надвор од Унијата, тогаш увозникот плаќа 5 отсто царина. Сите што набавуваат електрични возила плаќаат данок од 18 отсто. Исто така како трошок за тој што сака да набави електрично возило треба да го помине возилото на хомолагација за електрично или хибридно возило.

Сите овие поволности ги обезбедува државата затоа што има интерес нејзините граѓани да возат поевтини возила, има интерес да ја штитат животната средина и да го зачуваат своето здравје. Таа, како организиран систем, ги има информациите колку граѓани се заболени од проблемите со загадениот воздух, колку системот одвоил пари за лекување на овие граѓани, колку економијата трпи поради нивната неспособност за работа и колку несреќни семејства се „борат“ за здравјето на својот член.

Овие мерки треба да стимулираат набавка на електрични возила и секако, Хамачи како најголем дистрибутивен центар на електрични возила, ги поддржува ваквите стимулативни мерки. Исто така, како компанија, ќе предлагаме промена и дополнување на стимулативните кампањи за граѓаните навистина да ги дознаат предностите на електромобилитее во однос на другите класични возила.



Видете следно

Од денеска до 3 ноември, во МСУ ИЗЛОЖБА НА 17 ИДЕЈНИ РЕШЕНИЈА ЗА УРЕДУВАЊЕ НА КАЛЕ

Градоначалникот Шилегов денеска присуствуваше на отворањето на изложбата „Уметничка тврдина: Меѓународен конкурс за изработка на …