СТО: Закрепнувањето на трговијата со стоки забавува на почетокот на 2021 година


Светската трговија со стоки нагло се зголеми во четвртиот квартал на 2020 година, но трендот на раст покажува знаци на забавување, предупреди Светската трговска организација (СТО), нагласувајќи дека закрепнувањето зависи од ефекасната вакцинација против Ковид-19.

Барометарот за стокова трговија на СТО стоеше на 103,9 поени во последните три месеци од минатата година, сигнализирајќи континуирано закрепнување кое започна во третиот квартал, изразено во надминување на индексот на вредноста од 100 поени.

Трендот на закрепнување на извозните налози и трговијата со автомобили достигна врв и веќе покажува знаци на забавување, предупредува СТО.

„Генерално, трендовите сугерираат дека трендот на пораст во трговијата наскоро може да достигне врв, ако тоа веќе не се случило”, заклучи СТО.

Тие исто така нагласуваат дека вкупната вредност на барометарот за стоков трговија не го одразува повторното ширење на Ковид-19 и појавата на нови варијанти на вирусот, „што секако ќе влијае на трговијата со стоки во првиот квартал на 2021 година”. ссм/

Женева, 22 февруари 20221 (МИА) 


Видете следно

Бочварски и Сугарески на средба за подобра функционалност на граничните премини

Тековните активности за градежните проекти на Царинската управа за изградба или реконструкција на граничните премини …