Стојанче Ангелов седна на маса со Миленко и Пандов: Еве каков пример поделија тие


Лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов даде пример како не треба да си ги вадиме очите помеѓу себе. Тој ввчера како што пишува налетал на Миленко и Пандов и седнал на масата да поразговара, за македонските работи. Еве што потоа напиша на Facebook”

„СТОП НА ОМРАЗАТА!
Не мора да се сакаме но не треба ниту да се мразиме. Доволно е само човечки да зборуваме колку и да не се согласуваме.
Ова треба да биде пример и за нашите подржувачи. Не си ги вадете очите помеѓу себе, учете од нас.
Кога денес случајно налетав на Миленко и Пандов јас ниту ги нападнав, ниту навредив. Напротив, седнав на нивната маса и зборувавме за македонските работи. И покрај безбројните навредливи медиумски напади врз мене, денес Миленко ниту ме навреди ниту пак покажа омраза кон мене.
П.С. И по средбата нашите спротивставени ставови останаа исти.“


Видете следно

Вкупно 151 учесници од 15 земји ќе бидат дел од првото издание на Планинарска трка Охрид треил

Вкупно 151 учесници од 15 земји ќе бидат дел од првото издание на Планинарска трка …