Стојанче „налета“ на Ден Дончев: Еве што напиша за поранешниот директор на Фондот за здравство


Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Ден Дончев пред неколку дена поднесе оставка а во неговата изјава стоеше дека работата ја напушта поради „приватни семејни причини”. Дончев беше назначен за директор на Фондот во август 2017 година.

Според Стојанче Ангелов, Дончев како директор на Фондот за здравство помогнал на неколку бранители:

„Ти го мислиш за Австралија ја летнал, тој на Кеј насмеан се шета.
Денес случајно налетав на Ден Дончев кој како директор на Фондот за здравство помогна на неколку бранители вклучувајки и набавка на протези од 25.000 евра за наш војник од ЈНА кој од експлозивна направа, во војната при распадот на СФР Југославија, ги загубил двете нозе.
Јас никогаш не заборавам добри дела“, напиша Стојанче Ангелов на Facebook.


Видете следно

Спасовски: Изборите треба да се одржат на 5 јули

Добро е сите да учествуваат во изборниот процес, а политичките партии да го покажат демократскиот …