Столтенберг: Пандемијата се користи за да се ослабне НАТО


Брисел, 21 септември 2020 (МИА) – Пандемијата од Ковид-19 се користи во обид да се ослаби НАТО, изјави генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг на настан организиран од Центарот за анализа на европска политика.

– НАТО е и ќе остане регионален сојуз, но ние ќе ја прошириме нашата работа со разни организации ширум светот во борбата против дезинформациите, тероризмот, епидемиите и заканите од вселената, додаде тој.

– Сојузот е силен, со висока подготвеност за акција, со големи инвестиции во одбраната. Предпандемиските воени закани не исчезнаа, рече Столтенберг.

Тој бара НАТО да може да испраќа силни пораки и истакна дека пактот неодамна остро го осуди труењето на Алексеј Навални и ја повика Москва да го испита нападот, кој не е насочен само кон една личност, туку и кон основните права.

– Потребна е силна меѓународна реакција на овој случај, додаде генералниот секретар.

Столтенберг ја забележа растечката моќ на Кина бидејќи земјата стана лидер во технолошкиот развој и се најде на второто место во светот според воените трошоци.

Тој рече дека Пекинг не се двоумел да ги искористи овие предности за да изврши притисок врз други земји. ссм/


Видете следно

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 41.272.150 лица. Од последици …