Breaking News

epa10426282 NATO Secretary General Jens Stoltenberg attends a press conference with German Defense Minister Boris Pistorius (not seen) at the defense ministry in Berlin, Germany, 24 January 2023. EPA-EFE/FILIP SINGER

Столтенберг поддржува трошоците за одбраната да бидат над два отсто од БДП


Берлин, 25 јануари 2023 (МИА) – Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг очекува членките на Алијансата наскоро да ја зголемат својата воена потрошувачка над целта од два проценти од бруто домашниот производ, пренесе ДПА.

– Очекувам дека ќе има нова цел во трошењето за одбраната кога ќе се сретнеме во јули годинава за Самитот на НАТО во Вилнус, изјави тој за германскиот весник „Ди Велт”.


Целта за зголемување на трошоците на два отсто од соодветниот национален БДП беше утврдена во 2014 година за период од 10 години. „Значи, сега мораме да го ажурираме тоа” додаде Столтенберг.

Со оглед на војната на Русија против Украина, Столтенберг го остави отворено прашањето за што конкретно би можеле да се договорат земјите-членки во иднина.


– Но, претпоставувам дека тоа ќе биде поамбициозна цел од претходно, бидејќи сите гледаат дека треба да инвестираме повеќе, нагласи генералниот секретар на НАТО.

Во овој контекст, тој го спомена и специјалниот буџет на германската Влада од 100 милијарди евра (109 милијарди долари) за германските вооружени сили, Бундесверот. Во моментов, Германија е една од неколкуте членки на Алијансата кои не ја исполнуваат целта од два отсто. јт/