Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија: Крајно време е да се фокусираме на суштински промени во економијата


Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија опоменува дека крајно време е да се фокусираме на суштински промени во економијата преку средрочна стратегија за економски раст и развој со што без разлика на политичките партии кои ќе дојдат на власт. Тие во соопштението до медиумите велат:

„Сведоци бевме дека во 2018 година главен приоритет на Владата на Република Македонија беше процесот на интегрирање во НАТО и ЕУ, кој бил и приоритет нa целокупната бизнис заедница веќе една деценија.

Години по ред  изборните процеси и политичкиот вакум го намалуваа интензитетот на економските активности, кои што најголемите штети ги трпи деловната заедница. Овие изборни процеси и политички транзиции најдоа место со единствена цел да стигнеме до моментот да исчекориме кон патот на НАТО и ЕУ интеграциите. Поради тоа сметаме дека со затворање на поглавјето на Уставните измени кои беа предуслов за членство во НАТО алијансата е крајно време со заеднички сили да се заложиме за создавање на поповолен и функционален амбиент за постигнување на проектираните економски цели, а заобиколувајќи појавување на политички кризи како во минатото.

Деловната заедница го поддржа и ќе продолжи да го поддржува овој тежок процес и воедно се помирија со  послабата економска активност само поради важноста на процесот, но бидејќи поголемиот дел од патот е надминат, време е фокусот и посветеноста на владата да се насочи кон бизнисот за да покаже дека навистина е партнер со приватниот сектор и заеднички да придонесеме за да ја подигнеме економијата на земјата и благосостојбата на граѓаните.

Позитивните очекувањата за постигнување на проектираната цел од 3,2% за 2019 година се претпоставки и планови во однос на растот на бруто-домашниот производ во вториот квартал од 3,1% и во третиот квартал од 3%. Во оваа смисла цениме дека за земјите во развој како што е Република Македонија, главните двигатели на економскиот раст, се инвестициите на приватниот сектор, реализирање на крупните капитални инвестиции, посебен фокус на индустријата и иновациите и секако потрошувачката кое во Македонија зафаќа околу 70% од БДП. Затоа, фокусот треба да се стави на реализација на инвестициите, бидејќи секторите кои беа главни двигатели на растот во вториот и третиот квартал од минатата година не се оние кои обезбедуваат стабилен и долгорочен економски раст за создавање на стабилна и конкурентна  пазарна економија во заедничкиот европски пазар.

Крајно време е да се фокусираме на суштински промени во економијата преку средрочна стратегија за економски раст и развој со што без разлика на политичките партии кои ќе дојдат на власт. Друг аспект кој сметаме дека ќе има позитивно влијание врз економскиот и социјалниот развој на земјата е меѓусебната комуникација помеѓу бизнис заедницата и државните институции, како и ефикасноста на јавната администрација за одговарање на барањата и потребите на бизнисите. Загрижувачко прашање за кое треба да се работи е фактот кој се идентификуваше  во извештајот на Светскиот Економски Форум, Индексот на Глобалната Конкурентност, каде што во првиот столб, кој ги оценуваа институциите, се забележа дека ефикасноста на администрацијата на е на потребното ниво за кое сите сме сведоци.

Ги поттикнуваме и бараме од државните органи за економски агенди и деловна поддршка преку подобрување на ефикасноста на институции за одговарање на потребите на бизнисот, отстранување на административните пречки при реализацијата на капиталните инвестиции, обезбедување на средства за рамномерниот регионален развој од 1% од БДП, и одбивање на иницијативите за предвремени парламентарни избори„, стои во соопштеннието на комората.



Видете следно

Гувернерката на Народната банка и министерката за финансии на Годишните средби на ММФ и Светската банка во Вашингтон

Делегација предводена од гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и министерката за финансии, Нина Ангеловска, …