Стопанската комора на Македонија стана членка на европската алијанса за практиканство


Стопанската комора на Македонија, како најстара и најголема бизнис асоцијација во земјата, во соработка со компаниите, го има воочено проблемот поврзан со недостигот од квалификуван и стручен кадар и прави напори да го подобри образованието за да може тоа да испорачува релевантни вештини за вработување и да обезбедува стручен кадар за бизнис заедницата. Имајќи предвид дека единствено комбинацијата од практични и теоретски знаења дава сеопфатно образование, Стопанската комора на Македонија како стратешки партнер директно учествува во спроведувањето на практичната обука која се реализира во компаниите. Нејзината посветеност во развојот и унапредувањето на практичната обука резултираше со вклучување на Комората во Европската алијанса за практикантство, платформа управувана од Европската комисија во тесна соработка со социјалните партнери на ЕУ. Целта на Европската алијанса за практикантство е да ги здружува носителите на политики со други клучни засегнати страни, како деловни здруженија, индивидуални компании, социјални партнери, комори и даватели на услуги во насока на соработка и споделување добри практики за успешна реализација на практикантството, зајакнување на квалитетот, имиџот и мобилноста на практикантите во Европа.

Регионалната конференција на земјите од Западен Балкан и Турција, што се одржуваше во Скопје, на тема: „Вклучување на малите и средни претпријатија во учењето преку работа“ беше можност за се промовира членството на Стопанската комора на Македонија во Европската алијанса на практикантство.

Во оваа алијанса досега се зачленети 36 земји, од кои 27 земји се членки на ЕУ и 294 засегнати страни. Од земјите на Западен Балкан вклучени се сите пет кандидатки членки – Албанија, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Турција.

 


Видете следно

Претседателот Пендаровски му ја додели Наградата за Македонски квалитет на Пакомак

Пред многубројна публика, претседателот Стево Пендаровски му додели Награда за Македонски квалитет на Пакомак за …