Сторил 12 кривични дела: Од станови и куќи одземал пари, накит, бела техника и други вредни предмети …


СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство Охрид, поднесе кривична пријава против С.А.(29) од Охрид поради постоење основи на сомнение  за сторени 12 кривични дела „тешка кражба“.

Тој, кражбите ги извршил во текот на оваа година на повеќе локации во Охрид користејќи подесен алат и физичка сила, и од станови и куќи одземал пари, накит, бела техника и други вредни предмети, при што се стекнал со противправна имотна корист од 392.500 денари.

С.А. бил баран и поради бегство од затвор и по приведувањето бил вратен во Казнено поправната установа затвор Струга за издржување на затворска казна.

 


Видете следно

Крушево со повик за категоризација на сместувачките капацитети

Крушево, 2 јуни 2020 (МИА) – Крушево ги повикува сопствениците на сместувачки капацитети да се …