Стотици илјади вакцини Астра Зенека произведени во Велика Британија биле извезени во Австралија


Лондон испрати стотици илјади дози на Астра Зенека против Ковида-19 во Австралија, но тоа е премолчено за да се избегнат какви било контроверзии во Велика Британија, објави Сиднеј морнинг хералд.

Австралискиот весник наведува дека првите 300.000 дози произведени во Велика Британија пристигнаа на аеродромот во Сиднеј на 28 февруари – еден месец откако Европската комисија воведе ограничувања за извоз на вакцини произведени во ЕУ, според извештајот на весникот.

Втората голема пратка пристигна со патнички авион на Емирати во март, откако Италија и ЕК официјално го блокираа барањето на Австралија за испорака на 250.000 дози.

Сиднеј Морнинг Хералд цитира неидентификуван британски официјален претставник кој рече дека пратките во Австралија никогаш не биле на штета на вакцинацијата во Велика Британија.

Портпаролот на австралискиот премиер Скот Морисон одби да го коментира наводите на весникот.

Австралиската Влада бара уште 3,1 милиони дози вакцина Астра Зенека, кои требаше да и бидат испорачани кон крајот на март. ЕК во вторникот негираше дека го блокирала извозот на 3,1 милиони дози вакцина во Австралија. ми/

Канбера, 8 април 2021 (МИА)


Видете следно

Втор ден расправа за Националната стратегија за спречување на корупцијата

Втор ден пратениците во Собранието расправаат по Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот …