Breaking News

Општина Илинден ја обновува урбаната опрема, сообраќајната сигнализација,  во целост ги реконструира сите патни железнички премини


Општина Илинден секојдневно работи на обнова и поставување на нова урбана опрема, во изминатиот период  во неколку населeни места во Општината се поставени повеќе клупи и канти за отпадоци, се реконструираат автобуските постојки, се поставуваат тротоари и се градат пешачки патеки.


Согласно својата програма за работа,  Општина Илинден ја обновува  сообраќајната сигнализација, за поголема безбедност на учесниците во сообраќајот.

Во насока на реализирање на проектните активности, локалната самоуправа во соработка со ЈП „Македонски железници  и инфраструктура“, изминатиот период  го комплетираше реконструирањето на трите  патни железнички премини, Илинден, Миладиновци и  Дељадровци.


Општина Илинден е прва  во државата  која уште во првата година  од мандатот на градоначалникот Александар Георгиевски, ги реконструира сите железнички патни премини  согласно своите ветувања од  програмата за работата.

Железничките премини Илинден, Миладиновци и Дељадрови се комплетно  реконструирани  со елементи од рециклирана гума  според највисоки стандарди. Општина Илинден и во наредниот период посветено ќе работи на исполнување на програмските активности во за подобрување на условите за живот на граѓаните.