Студенти географи во Чешка ќе ги претстават најзначајните карактеристики на Македонија


Претставници на Истражувачкот здружение на студенти географи „Природник“ – EGEA Skopje во периодот од 16 до 22 септември ќе учествуваат на Годишниот конгрес на Европската асоцијација на студенти географи каде што ќе го претставуваат Здружението и Македонија. Конгресот ќе се одржи во Чешка, во организација на ЕГЕА ентитетите Брно и Прага.

Европска Географска асоцијација (EGEA), претставува географска мрежа на студенти и млади географи од Европа, создадена со цел за размена на знаења од областа на географијата. ЕГЕА Скопје е член на Европската Географска асоцијација од 01.12.2004 година.

Нашите претставници ќе учествуваат на работилници, теренски активности и воедно на интернационалната вечер ќе ги претстават најзначајните карактеристики на Македонија.


Видете следно

Владата ја одржа 58-та седница

Владата на Република Северна Македонија на денешната 58-ма седница ги разгледа и ги усвои Протоколот …