Студентскиот дом „Стив Наумов“ конечно ќе се реновира


Студентскиот дом во студентската населба „Стив Наумов“ некоку пати прокиснуваше, а студентите често алармираа и за другите проблеми со кој се соочува овој дом. Изгледа, на проблемите ќе дојде крајот, бидејќи на вчерашната седница на Владата на Република Северна Македонија го задолжи Министерството за образование и наука да спроведе постапка за реконструкција на Студентскиот дом во студентската населба „Стив Наумов“ во Скопје.

Постапката треба да се донесе во најкраток можен рок имајќи ја предвид прифатената информација за настанатата ситуација во поглед на одредени недоследности и неправилности утврдени во зградата 1 во студентската населба „Стив Наумов“ во Скопје, при извршен инспекциски надзор од страна на Државниот просветен инспекторат.


Видете следно

Какво време не очекува денес

Времето денес ќе биде претежно сончево, во источните делови со мала локална облачност и со …