Субвенции од 79 милиони денари за поттикнување на енергетска ефикасност во домаќинствата


Владата на Република Северна Македонија на вчерашната седница ги донесе измените на Програмата за промоција на обновливи извори на енергија и поттикнување на енергетска ефикасност во домаќинствата за 2019 година.

Со измената на Програмата предвидено e зголемување на средствата предвидени со Буџетот и тоа: дополнителни 5 милиони денари за субвенции за сончеви колектори, дополнителни 14.7 милиони денари за субвенции за ПВЦ или алуминиумски прозорци и дополнителни 10 милиони денари за субвенции за печки на пелети, со што вкупните средствzaaа од 50 милиони се зголемуваат на 79 милиони денари.

Во делот на доделувањето на субвенции за купени печки на пелети се предлагаат вкупно 30 милиони денари, од кои 15 милиони денари ќе бидат наменети за баратели со ниски примања (ранливи потрошувачи) и истите ќе имаат предност при доделувањето на субвенциите. Останатите 15 милиони денари ќе бидат доделени на начинот опишан во програмата и јавниот оглас.


Видете следно

По 10.000 денари за првенците на генерација во Општина Аеродром

 Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, денеска им додели пофалници и еднократна парична награда во …