Breaking News

Судскиот совет го реизбра Хасан Асани за претседател на Основен суд Тетово


Судскиот совет на денешната 436-та седница го реизбра судијата Хасан Асани за претседател на Основниот суд Тетово.


Судијата Хасан Асани, кој доаѓа од Основниот суд Тетово, беше избран со 9 гласа „за“ и три против.


На огласот, иако биле пријавени тројца кандидати, само Асани доставил комплетна документација.

Судскиот совет, претходно на денешната седница избра и двајца судии во Врховниот суд и двајца судии во Апелационен суд Гостивар. аа/мс/


фото/МИА архива
Скопје, 29 март 2023 (МИА)