Судскиот совет постапува по предметот со штедачите на Еуростандард банка


Судскиот совет, како и во многу други предмети, така постапува и по предметот со штедачите во Еуростандард банка, за кој неодамна Апелациониот суд Скопје донесе одлука, соопштија од Републичкиот судски совет.

– Со оглед дека во јавноста се појавија информации поврзани со случајот, поконкретно дека советот на Апелациониот суд донел одлука за еден ден во врска со жалбата на групата штедачи, Судскиот совет информира дека се преземаат мерки за утврдување на фактичката состојба, информираат од Судскиот совет на Република Северна Македонија.


Од таму додават дека координаторот за Апелационен суд Скопје, од редовите на Судскиот Совет, на денешната седница беше задолжен да го испита предметот и начинот на постапување од страна на Советот на Апелациониот суд Скопје. оџ/сп/

Скопје, 13 октомври 2021 (МИА)



Видете следно

Жито Лукс со донација се вклучи во кампањата „Помислете и на нас“ на Црвен крст

Жито Лукс денес во Организацијата на Црвениот крст донираше 50 пакети со брашно од по …