Суровата нафта поскапува втор ден


Светлата сурова нафта West Texas Intermediate ( WTI ) поскапува веќе втор ден. Ова следеше по излегувањето на извештајот на енергетската администрација на САД, кој покажа дека резервите на дизел гориво во земјата се намалиле, пренесоа ” Блумберг “.

Фјучерси на WTI со испорака во март поскапеа за 69 центи до 97,88 долари за барел во тргување на берзата во Њујорк.

“Побарувачката на горива почнува да се стабилизира на позадината на влошените временски услови во САД и намалените резерви на суровината”, вели Марк Перван, аналитичар во Australia & New Zealand Banking Group.

На берзата во Лондон цената на сортата Brent за испорака во март поскапе со 31 центи, или 0,3 % до 106,09 долари за барел.

Разликата во цената меѓу WTI и Brent достигна до 8,39 долари.


Видете следно

Постапки против 20 лица во Битола заради прекршување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Битола денеска до Основниот суд Битола поднесе предлози за определување казнени налози …