Светот го чекаат големи економски промени


Економската ситуација во светот значително ќе се промени во наредните 20 до 25 години, додека економскиот раст значително ќе се забави. Во студијата на лондонската компанија „Шродер инвестмент“ се наведува дека во наредните 40 години светот ќе се соочи со последиците од сушите, климатските промени, демографските промени и со намалувањето на залихите на природните ресурси, што ќе доведе до ограничен и скромен економски раст.

Бројот на граѓани во земјите низ светот до 2050 година ќе се зголеми за 2 милијарди, односно за 30 отсто, и за тоа време групата на потрошувачи, односно лицата што трошат од 10 до 100 долари дневно ќе се придружат на трите милијарди граѓани во земјите во подем. Поради тоа обемот на светската економија трикратно ќе се зголеми со истовремен раст на побарувачката за храна, станбен простор и автомобили. За да се задоволат овие потреби, ќе биде потребно 35 отсто повеќе храна и 37 отсто повеќе енергенси.

Одреден број на земји ќе се соочат со стареење на граѓаните и намалување на работната сила, додека земјите во подем како Индонезија и Индија, или некои африкански земји, ќе имаат голема корист од младата популација. Кина со удел во светската економија од 28 отсто и Индија со 18 отсто во 2060 година ќе биде водечка економија во светот.

Во извештајот се наведува дека земјите во подем ќе ги потиснат сегашните најразвиени економии, кои мораат од сегашната криза да извлечат поука и да направат стратегија на долгорочен развој. Новиот економски модел подразбира и поодговорна еколошка политика заснована на ограничено и контролирано користење на природните ресурси. Реформите на планот на енергетиката можат да го зголемат животниот стандард на граѓаните за 16 отсто во следните 50 години, се заклучува во извештајот, што го пренесе канадскиот весник „Прес“.
Извор: плус инфо


Видете следно

Царовска учествува на Првиот Совет за стареење во Анкара: Создаваме подобри услови за достоинствено активно живеење на постарите лица

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска присуствува на првиот Совет за стареење во …