Светска банка: 3,2% економски раст во 2014


Глобалниот раст во 2014 се забрзува, при што светскиот БДП ќе се зголеми до 3,2%, тврди извештајот на Светската банка, пренесува CNBC.

Според пресметките следната година растот на глобалниот БДП ќе достигне 3,4 %, а во 2016 – 3,6 проценти.

Зголемување на побарувачката во развиените земји ќе биде особено важно за новите економии поради нивниот извоз, кој би ги надоместил финансиските тешкотии.

Светска банка прогнозира раст на БДП во развиените земји, околу 2,2 % во 2014, додека во новите економии пресметките се за зголемување со до 5,3 %.


Видете следно

Владина делегација положи цвеќе на споменикот на Св. Климент Охридски пред Народната и универзитетска библиотека во Скопје, по повод празникот – 8 декември

Делегација на Владата на Република Северна Македонија денес положи свежо цвеќе на споменикот на Св. …