Светска премиера на Opel на IAA 2019: Новата Аstra, новата Corsa, Corsa-e, Corsa-e Rally и Grandland X Plug-In Hybrid


Со своите светски премиери на годинашниот меѓународен автомобилски саем IAA во Франкфурт, Opel демонстрира дека автомобилската иднина е богата со разновидност. IAA е местото каде што новите: Opel Corsa, Grandland X Hybrid и новата Opel Astra ќе дебитираат – совршено прилагодени на потребите на клиентите. Новата Opel Corsa не е достапна само како ефикасна, класична верзија со моторот со внатрешно согорување, туку за прв пат исто така и како целосно електрична Corsa-e – со чисто електричен опсег до 330 километри според WLTP. Opel го претставува и првиот електричен рели-автомобил за мотор-спортови за клиенти – Corsa-e Rally.

Друга светска премиера на штандот на Opel Д31 во сала 11.0 е новиот Grandland X Hybrid4 со погон на сите тркала. Хибридoт ја комбинира моќта на 1.6-турбо-бензински мотор и два електрични мотори за излезна моќност до 300 КС. Прелиминарната потрошувачка на гориво според WLTP (пондерирана, комбинирана) е 1,4-1,3 л/100 км. со 32-29 г/км CO2 (NEDC: 1,5 л/100 км., 35-34 г/км CO2).

Следниот дебитант во групата е новата Opel Astra. Со својата извонредна аеродинамика, комплетно нова генерација на мотори и ново развиените менувачи, Opel Astra поставува стандарди во однос на ефикасноста и ниските емисии. Споредено со претходникот, емисиите на СО2 се намалуваат за 21 % (Astra со пет врати со 1.2 мотор со директно вбризгување Турбо, 96 kW / 130 КС), потрошувачка на гориво NEDC: урбана 5,3-5,2 л/100 км., екстра-урбана 3,9-3,8 л/100 км, комбинирано 4,4-4,3 л / 100 км, 101-99 г/км СО2). Ова ја става новата Astra на врвот на компактната класа – и ја прави најефикасна Astra на сите времиња.

На крајот, но не и најмалку важно, новата Opel Zafira Life го има својот прв настап пред германската саемска публика во Франкфурт. Дваесет години откако започна успехот со првата генерација во 1999 година, приказната сега продолжува со новоразвиен модел од четврта генерација: Zafira Life доаѓа во нова димензија – во три должини на возилото, многу разновидна со простор за најмногу девет лица и со врвни системи за удобност и помош.

„На IAA ние во Opel ќе покажеме како иднината на автомобилот ќе стане реалност“, рече вели Мајкл Лохшелер, Извршниот директор на Opel. „Се фокусираме на клиентот и нивните потреби. Ние го нудиме целото портфолио на погонот – од електричен и хибриден погон, до ефикасни мотори со внатрешно согорување. Сите нови модели се опремени со најсовремени технологии и веќе се достапни за нарачка“.

Мали автомобили од следната генерација: Opel Corsa, Corsa-e и Corsa-e Rally

 Помодернa, динамичнa и поефикаснa од кога било досега, шестата генерација на Opel Corsa е без сомнение една од ѕвездите на годинешното шоу во Франкфурт. Доаѓа со особено економични бензински и дизелски мотори со моќност од 55kW (75 КС) до 96kW (130 КС) (потрошувачка на гориво NEDC4: урбана 5,5-3,7 л / 100 км, екстра-урбана 4,4-2,9 л/100 км, комбинирано 4,7 -3,2 л/100 км. 106-85 г/км CO2; WLTP комбинирано: 6,2-4,0 л/100 км, 140-105 г/км CO2). Новиот модел на бестселер е достапен и за прв пат како чисто електрично возило Corsa-e со батерија од 50kWh, излезна моќност од 100kW (136 КС) и опсег до 330 километри (WLTP1). Умерена потрошувачка на гориво и погон за стартување се карактеристични за сите опции на моторите, а вредностите на емисија достигнуваат сè до нула кога возите Corsa-e.

 

 

Вкупниот спортски впечаток се совпаѓа со намалената тежина – најлесната Corsa дури и ја има ознаата илјада килограми – и ниска позиција за седење на возачот. Активната и пасивната безбедност се исто така на високо ниво, а инженерите на Opel фино ги наместија шасијата и управувачот. Во новата Corsa, Opel нуди технологии и системи за помош кои клиентите инаку ги знаат само од повисоките класи на возила. Вистински белег се адаптивните,  IntelliLux LED® матрикс светла, што Opel ги прави достапни за прв пат на широк опсег кај малите автомобили. Другите иновации на Corsa вклучуваат Flank Guard, контролиран со сензори, камера со панорамски ретровизор од 180 степени и автоматски асистент за паркирање, како и системи како што се предупредување за преден судир со автоматско сопирање при итни случаи и детектирање на пешаците, интелигентен круз контрол и Lane Keep Assist.

Возачите и патниците на Corsa се добро поврзани и се забавуваат со новиот спектар на инфозабавни системи што се состојат од Multimedia Radio, Multimedia Navi со 7,0-инчен екран на допир во боја и врвниот Multimedia Navi Pro со 10 инчен екран на допир во боја, па до целосно дигитализираниот кокпит во Corsa-е. Покрај тоа, Corsa исто така нуди опционална нова услуга „OpelConnect“ со навигација во живо, директна врска до помош за дефект, итен повик и многу други функции.

Со Corsa-e Rally, Opel е првиот производител на автомобили во светот што нуди батериско електрично возило за спортскиот за спортско натпреварување. Во 2020 година, Opel и ADAC ќе го започнат ADAC Opel e-Rally Cup, првиот брендиран куп за електрични автомобили во светот, што ќе го насочи патот напред кон моторниот спорт далеку над границите на Германија.

 


Видете следно

Иницијaтива на ФИТР и Македонската банкарска асоцијација за креирање на можности за дополнителна финансика поддршка на домашните компании

Фонд за иновации и технолошки развој ги презентираше инструментите за финансиска поддршка на домашните компании …