Светската банка одобри 12 милијарди долари за борба против Ковид-19


Светска банка одобри 12 милијарди долари за да им помогне на земјите во развој да купат вакцини и да третираат коровавирус (Ковид-19), се вели во соопштението на организацијата.

Тоа е дел од поголема програма од 160 милијарди долари за да им помогне на повеќе од 100 земји да се борат против пандемијата Ковид-19 до јуни 2021 година.

Светска банка работи на обезбедување имунизација на околу милијарда луѓе, се вели во соопштението.

Покрај набавката на вакцини против Ковид-19, програмата вклучува и техничка поддршка.

Претходно, банката предупреди дека 115 милиони луѓе можат да бидат турнат во екстремна сиромаштија оваа година поради економската криза предизвикана од пандемијата на коронавирус. ссм/

Вашингтон, 14 октомври 2020 (МИА)


Видете следно

Доларот најслаб од 2018 година: Американската валута ослабе и во однос на еврото

На девизните пазари, вредноста на доларот во однос на кошницата со валути падна на најниско …