Светскиот форум за тутун и никотин 2020: Oдржлива промена преку иновации и регулативи


Од популарна навика поврзувана со зрелост и гламур, преку широко призната број 1 причина за предизвикување болест, која може да се спречи, на годишно ниво до развој на глобална стратегија за намалување на ризик која навлегува длабоко во суштината на изворот на самиот проблем – пушењето цигари! Низ годините перцепцијата, информациите и сознанијата за пушењето доживеаа драстично големи и динамични промени.

Кои се најновите и најважни информации околу пушењето што треба секој да ги знае? Годинешново издание на Светскиот форум за тутун и никотин (GTNF), на кое редовно учествуваат врвни експерти компетентни да дадат свое стручно мислење, се разговараше за многу прашања поврзани со оваа штетна навика, промената во потрошувачките преференции, драстичното затегнување на регулативите на светско ниво како и „најжешките“ теми во моментов – намален ризик и тутунски алтернативи.

Зависноста од пушење, според Светската здравствена организација, е водечка причина во светот за многу болести, која може да се спречи. Околу 7 милиони луѓе годишно умираат како резултат на болести поврзани со пушењето и се очекува овој број до 2030 да порасне на 8 милиони. Концептот за намалување на ризикот од пушењето датира уште од 1976 година кога професорот Мајкл Расел напишал: „Луѓето пушат за никотин, но умираат од катран“. Оттогаш, е докажано дека ризикот од пушењето е предизвикан скоро исклучиво од токсините ослободени преку согорувањето на тутунот.

„Во последно време гледаме зголемена прифатливост на тутунските алтернативи, како од страна на Американската агенција за храна и лекови, но сѐ уште има долг пат пред нас“, вели Тики Панг професор на Универзитетот во Сингапур со 12-годишно искуство во СЗО и 250 научни труда зад своето име.

Според него, прашањето за тутунските алтернативи веќе било разговарано на состаноците на раководните тела на СЗО, како и на состаноците на Рамковна конвенција за контрола на тутунот (FCTC).

„Многу важен развој на настаните е дозволата на Американската агенција за храна и лекови (ФДА) за маркетинг на уредот кој го загрева тутунот, наречен IQOS, издадена пред околу 2 месеци. Најважно од сѐ е тоа што всушност за прв пат ФДА признава дека конкретно овој производ ја намалува изложеноста на штетни материи кои вообичаено ги има кај согорливите цигари“, додава Панг.

Постојат и голем број земји кои ги прифатија тутунските алтернативи и ги земаа предвид при создавањето на законските регулативи, притоа препознавајќи го нивниот потенцијал за позитивна промена.

„Пушењето во Јапонија се намали за 30 проценти за три години откако уредите кои го загреваат тутунот (HTP) станаа достапни во земјата, со пенетрација на овие уреди во моментов кај 25% од јапонските пушачи“, информира д-р Хироја Кумамару, кардиоваскуларен хирург и заменик-директор на Меѓународната болница АОИ во Канагава, Јапонија. „Вкупниот обем на продажба на тутун што ги опфаќа цигарите плус уредите кои го загреваат тутунот сè уште се намалува, додека продажбата на овие уреди се зголемува. Ова укажува дека префрлувањето од цигари на уреди кои го загреваат тутунот се случува многу брзо“, објаснува Кумамару.

Важни сегменти од областа алтернативни тутунски производи се секако слушањето на преференците на потрошувачите и нивната заштита, односно, како што беше речено на панелот во врска со заштитата на правата на потрошувачите – давање можност на потрошувачите да се слушне нивниот глас.

„Иако во светот има повеќе од милијарда пушачи, повеќето од нив не се свесни за постоење на помалку штетни алтернативи или, ако знаат, им е оневозможен пристап до нив. Постојат многу организации кои се залагаат за воведување алтернативи на пушењето, но многу малку од нив ги претставуваат вистински потрошувачи. Доаѓа време кога потрошувачите бараат да учествуваат во донесувањето одлуки“, додава Самрат Чаудери, претседател на Меѓународната мрежа на корисници на никотин.

За оние кои сѐ уште не се запознаени со алтернативните тутунски производи, на нашиот пазар веќе една година се достапни горе споменатите IQOS уреди кои го загреваат тутунот, а не го горат како обичните, согорливи цигари. IQOS уредите се наменети за намалување на ризикот од тутун кај возрасните пушачи кои би продолжиле да пушат. Благодарение на Heat Control® технологијата, IQOS уредот го загрева тутунот до 350 степени целзиусови, температура на која научно е докажано дека се испушта никотин, но изостануваат согорување, пепел и чад полн со штетни материи. Она што го прави овој уред одлична алтернатива на традиционалните, согорливи цигари, покрај драстично помалиот процент на штетни, канцерогени соединенија, е автентичното искуство за корисникот, блиску до пушењето цигари.

За еден производ да може да биде применлив и соодветен за оние кои не можат да се откажат од оваа навика, но сакаат да направат промена, важно е самиот производ да го задоволува и хедонистичкиот аспект, покрај потребата за никотин, која е во основа на истата.

Застапниците за намалување на ризикот од тутун забележуваат дека алтернативните стратегии за откажување од пушење и новите уреди што се појавија за да им помогнат на пушачите да престанат со пушењето, не треба да ѝм бидат недостапни на оние што сакаат ефективни технологии.


Видете следно

Филипче: Мерките за заштита од ковид-19 кои се во Собранието мора итно да се донесат

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче изјави дека мерките за заштита од ковид-19 кои …