СВР Штип спроведе засилена акциска контрола на возила со кои се врши јавен превоз на патници


На 08.10.2019 во периодот од 09.00 до 14.00 часот СВР Штип спроведе засилена акциска контрола на возила со кои се врши јавен превоз на патници.

Притоа, биле контролирани 64 автобуси и други возила кои вршат јавен превоз и кај девет возила биле констатирани неправилности (кај четири била утврдена неисправност на уредите за запирање, кај еден неисправен уред за управување, а четири имале недостаток на опрема).

За сите прекршоци издадени се соодветни санкции. Санкционирани се и 44 останати прекршоци.



Видете следно

Зошто е потребно Вашата компанија да има убав и уреден двор ?

Уредените дворови придонесува до поголема продуктивност и подобар имиџ во јавноста. Како да создадете подобар …