СВР Скопје санкционираше 56 возачи кои управувале возила со брзина поголема од дозволената


Во текот на изминатиот ден (15.08.2019) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје превземени се мерки и активности и констатирано е дека 56 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 22 возачи од кои: еден возач затоа што управувал возило под дејство на алкохол и 21 возач затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило. Исто така, исклучени од сообраќај се и 17 возила бидејќи биле нерегистрирани.

Санкционирани се седум возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, тројца возачи поради недавање на првенство на минување на пешаци, двајца возачи поради неправилно престројување, еден возач поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и осум возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во текот на изминатиот ден издаден е 131 мандатен платен налог. Изминатиот ден се случиле девет сообраќајни незгоди во кои едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а четири лица поминале со телесни повреди.


Видете следно

По 10.000 денари за првенците на генерација во Општина Аеродром

 Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, денеска им додели пофалници и еднократна парична награда во …