ФОТО: SALVATORE DI NOLFI / EPA

СЗО: На американскиот континент секојдневно по 100 илјади случаи на коронавирус


Вашингтон, 11 август 2020 (МИА) – Повеќе од 100.000 случаи на Ковид-19 се регистрираат секој ден на американскиот континент, од кои половината се во САД, а има загрижувачки жаришта во земји кои досега ја контролираа епидемијата, како Аргентина и Колумбија, изјави денеска регионалниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Кариса Етјен.

– Нашиот регион сè уште е под удар на Ковид-19, рече таа на виртуелен брифинг во Вашингтон, кој го одржа со другите директори на пан-американските здравствени организации,

Таа рече и дека со нарушувањето на другите здравствени услуги, се појавува закана од пораст на заболувања кои биле под контрола, како што се туберкулоза, ХИВ и хепатитис.


Видете следно

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Скопје, 30 септември 2020 (МИА) – Според последните податоци, досега во светот 33.951.767 лица биле …