СЗО: Над милион заразени со Ковид-19 во Африка


Преторија, 12 август 2020 (МИА) – Во изминатите 24 часа повеќе од 10.000 луѓе се заразени во Африка, така што вкупниот број на заболени од коронавирусот на тој континент е над еден милион, објави регионалната канцеларија на Светската здравствена организација за Африка.

Досега починале над 23.000 луѓе додека 745.000 се опоравиле.

Најголем број заразени лица е регистриран во Јужна Африка, над половина милион, како и 10.000 смртни случаи.

Египет, Алжир, Нигерија и Гана следат по број на заразени.


Видете следно

Во следните три години во Канада ќе дојдат 1,2 милиони имигранти

Канадската влада планира да донесе повеќе од 1,2 милиони имигранти во следните три години, и …