СЗО работи на насоки за употреба на лекот ремдесивир


Светската здравствена организација соопшти дека работи на изработка на упатства за употреба на лекот „ремдесивир” за третман на пациенти со Ковид-19, кои треба да бидат објавени за три до четири недели.

Комисијата на СЗО ќе се состане следната недела за да ги разгледа записите за ефикасност на лекот произведен од компанијата „Гилид сајенсиз”.

Главниот научник на СЗО, Сумја Сваминатан рече дека се надева дека пратениците и телата што работат на изработка на упатства за лекување на Ковид-19 во земјите низ целиот свет, меѓу другото, ќе ги земат предвид резултатите од истражувањето.

Соединетите Американски Држави издадоа целосно одобрување за употреба на „ремдесивир” за третман на пациенти со Ковид-19.

Сепак, обемна студија спроведена од СЗО на почетокот на оваа година покажа дека лекот најверојатно немал ефект врз стапката на преживување на хоспитализираните пациенти вклучени во истражувањето. паг/


Видете следно

Претседателот на Синдикатот на полиција во Македонија Орце Коцевски е распореден надвор од местото на живеење, со што секојдневно ќе мора да патува 110 километри до работното место

Од Синдикатот на полиција во Македонија денеска го обвинија министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски …