СЗО соработува со Кина на одобрување на кинеска вакцина против Ковид-19


Женева, 7 септември 2020 (МИА) – Светската здравствена организација (СЗО) соработува со Кина во врска со барањата за меѓународно одобрување на каква било кинеска вакцина за Ковид-19, изјави денеска помошничката генерален директор Маријангела Симао на брифинг во Женева.

– Канцеларијата на СЗО во Кина и седиштето на СЗО работат со регулаторните тела во Кина, рече Симао. – Ние сме во директен контакт, споделивме информации и барања за меѓународно одобрување на вакцините, посочи таа.

Извршниот директор на Синовак Биотек ДОО вчера изјави дека околу 90 проценти од вработените во кинеската компанија и нивните семејства ја примиле експерименталната вакцина што таа ја развила во рамките на државната програма за итна употреба.


Видете следно

Канабисот „поддржан” од Претставничкиот дом во САД, се чека Сенатот

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес усвои закон со кој првпат се дозволува употреба на канабисот. …