Breaking News

Tag Archives: ЕКОНОМИЈА

Промоцијата на новите дизајнери во „Лаб дизајн маркет“

Во изложбениот салон и заедница на македонски дизајнери и знаетчии „Лаб дизајн маркет“ денеска напладне ќе започне промоцијата на новите дизајнери кои ќе се приклучат на досегашната понуда на современи дизајнерски и занаетчиски производи. „Лаб дизајн маркет“, како што стои во најавата, е изложбен салон, којшто се отвори неодамна во …

Повеќе »

Намалени и извозот и увозот во првите два месеца од годинава

Вкупната вредност на извозот на стоки од земјава, во периодот јануари – февруари годинава, изнесува 1 207. 9 милиони евра и бележи пад од 9. 9 % во однос на истиот период лани, соопшти Државниот завод за статистика. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 1 744. 7 милиони …

Повеќе »

УЈП е дел од програмата „Даночни инспектори без граници’

Даночните инспектори од Управата за јавни приходи преку експертска поддршка во наредниот период ќе стекнат вештини за спроведување конзистентни даночни контроли на мултинационални претпријатија и на тој начин ќе придонесат за успешно справување со даночната евазија и избегнување плаќање данок од страна на мултинационалните претпријатија. Управата за јавни приходи денеска …

Повеќе »

Бочварски на увид во изградбата на брана на река Отиња

Минирана локацијата кај Попова Чешма во Штип со што ќе може да се користи материјал за изградбата на брана на река Отиња. Освен на оваа се работи и на неколку други локации, истакна денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски при увидот во изградбата на браната во Штип. Забележа …

Повеќе »

Има пари за решавање на свлечиштата на автопатот Кичево-Охрид, тврди Бочварски

Средства има за решавање на 13. нови свлечишта на автопатот во изградба Кичево-Охрид, истакна денеска од Штип, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, одговарајќи на новинарско прашање: Кој гарантира  дека ќе нема зголемување на средствата за овој автопат, откако рокот за изградба беше пролонгиран.  Според Бочварски, важно е што …

Повеќе »

Бочварски: Се чека документацијата за ставање во употреба на техничкиот дел од гасоводот

Министерството за транспорт и врски ја чека комплетната документација за ставање во употреба на техничкиот дел од гасоводот, истакна денеска од Штип, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски кој присуствуваше на минирање за градежен материјал кој е потребен за изградба на брана на река Отиња. Тој на новинарското прашање …

Повеќе »

Ангеловска-Бежоска: Подобриот пристап до финансии е важен за инклузивен раст за Западен Балкан

На покана на Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ), гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, заедно со гувернерката на централната банка на Босна и Херцеговина, Јасмина Селимовиќ и регионалната директорка на ЕФСЕ, Мјера Јузбашиќ- Бајгориќ се обрати на конференцијата „Родови финансии во Западен Балкан“. Градењето еднакви можности во однос на родовата димензија, каде …

Повеќе »

„Маркарт”: Не мора да си одите од државата за да работите по германски стандарди

Германската инвестиција „Маркарт” успешно ја гради својата приказна една деценија во Велес. Произведува ултра модерни компоненти за врвни брендови на автомобили со највисока технологија, а најголемиот дел од процесите се роботизирани. Фабриката и административна зграда се направени по светски стандарди. Како што истакна денеска менаџментот на средба со новинарите, иновациите …

Повеќе »

Народната банка одржа работилница: Постојано зајакнување на информациската безбедност на финансискиот систем за справување со киберзаканите

Според одредени анализи, годинава кибернападите ќе ја чинат глобалната економија 9,5 трилиони американски долари, а во наредните две години загубата би се зголемувала со стапка на раст од околу 15%. Ова укажува на потребата од зголемен интерес за киберотпорноста, преку соработка и развивање глобални стандарди за киберотпорност на финансискиот сектор, …

Повеќе »

Се одржа јубилејната 50. сесија на Клубот на истражувачите

Научниот труд „Испитување на динамичкиот пренесен ефект на светските цени врз македонските цени на храната“ од Даница Уневска Андонова и Магдалена Петровска беше презентиран на 50. сесија на Клубот на истражувачи на Народната банка.  Сесијата, како што соопшти прес-службата на Народната банка, ја отворила директорката на Секторот за монетарна политика, …

Повеќе »