Breaking News

Tag Archives: СВЕТ

Норвешка треба да одржува блиска соработка со ЕУ, препорачува комисија назначена од Владата во Осло

Норвешка, која двапати го откажа членството во Европската унија, треба да одржува блиска соработка со блокот и да го забрза усвојувањето на европските правила и прописи, според препораките на комисијата назначена од норвешката Влада. Граѓаните на скандинавската страна се изјаснија дека не сакаат да влезат во ЕУ на два референдуми, …

Повеќе »

Две лица загинаа во лавина во Тирол, 18 лица се затрупани

Две лица загинаа во лавина во Тирол, Австрија, четворица се спасени, а според првичните информации 18 се затрупани. Во тек е голема спасувачка операција. Лавината започнала околу 11 часот во општината Вент им Нидертал во правец на Мартин Буш Хуте, јавуваат локалните медиуми. Во тек е голема спасувачка операција. Преживеани …

Повеќе »

Протест со тензични моменти и барање за оставка на градоначалникот Велиај пред градското собрание на Тирана

Протест со тензични момент беше одржан денеска пред градското собрание на Тирана, со барање за оставка на градоначалникот Ерион Велиај, по скандалот за вмешаност во корупција на високи општински функционери, потврдена во истргата од Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК. Протестот беше во организација на побројното крило на …

Повеќе »

Масрали: ЕУ ја поздравува најавата на Швајцарија за организирање Конференција за мир во Украина 

Европската Унија ја поздравува иницијативата на Швајцарија за организирање на Конференција на високо ниво за мир во Украина, изјави денеска портпаролката на Европската комисија на надворешни работи и безбедносна политика Набила Масрали во одговор на новинарско прашање околу ставот на ЕУ за најавата на швајцарската Влада дека ќе организира Мировна …

Повеќе »

ЕУ ќе учествува на мировната конференција за Украина, што ќе се одржи во јуни во Швајцарија

ЕУ ќе учествува на мировната конференција за Украина што ќе се одржи во јуни во Швајцарија, рече денеска на прес-конференција портпарол на Европската комисија во одговор на новинарско прашање. Тој појасни дека се уште не е добиена покана и не е утврдено кој ќе ја претставува ЕУ. Го поздравуваме одредувањето …

Повеќе »

Девет мигранти го загубија животот, а 15 се исчезнати откако нивниот брод се преврте кај италијанскиот остров Лампедуза

Девет лица го загубија животот, а најмалку 15 се водат како исчезнати откако брод со мигранти се преврте кај италијанскиот остров Лампедуза, јави ДПА, повикувајќи се на италијанската крајбрежна стража. Според податоците на италијанската новинска агенција АНСА, меѓу жртвите има и девојче на возраст од четири до осум години. Според …

Повеќе »

Воената хунта во Мали ги забрани сите политички активности до понатамошно известување

– Воената хунта во Мали денеска ги забрани сите политички активности до понатамошно известување, објаснувајќи дека сака да го заштити јавниот ред и мир. Денешната одлука доаѓа по минатогодишната одлука за одложување на изборите на неодредено време. Портпаролот на воената хунта, Абдулаје Маига, ја прочита изјавата во телевизиско обраќање за …

Повеќе »

Албанија ќе го зајакнува одбранбениот систем со авиони, беспилотни летала, хеликоптери, бродови и оклопни возила

Албанија планира да ја прошири својата воздушна флота со борбени авиони, други беспилотни летала и хеликоптери. Што се однесува до поморската безбедност, планира да набави еден воен брод и друг на средно ниво. На терен ќе има и засилување со оклопни автомобили и системи за противвоздушна одбрана со среден дострел, …

Повеќе »

Русија: По две одложувања конечно лансирана ракетата Ангара А5

– Ракетата од тешка класа „Ангара-А5“, чие лансирање беше двапати одложувано, денеска беше успешно лансирана од космодромот „Восточни“. Лансирањето беше извршено според планот во 12:00 часот по московско време, јавија руските медиуми. По 12 минути и 26 секунди, горната етапа Орион се одвои од третата етапа на ракетата, по што …

Повеќе »

Зеленски: Колебливоста на западните партнери ќе и даде на Русија дозвола за глобален терор

По синоќешните и утринските руски напади врз украинската цивилна инфраструктура претседателот Володимир Зеленски денеска изјави дека на земјата и е потребна поддршката од западните партнери и дека нејзиното отсуство ќе и даде на Русија „дозвола за глобален терор“. „Сите наши европски соседи и други партнери ја гледаат критичната потреба на …

Повеќе »