Breaking News

Tag Archives: ВЕСТИ

ЦУК: 1 704 повици на 112 во последното деноноќие, внимателно возење поради одрони

Во Центарот за управување со кризи, според последниот извештај, имало вкупно 1 704 повици на Единствениот број за итни случаи 112. Од нив „реални“ повици биле 54,99 отсто, а 45,01 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Како што информира денеска ЦУК, кон полиција биле упатени …

Повеќе »

Тошковски: Безбедносната состојба стабилна, нема никакви нарушувања во изборниот процес

Безбедносната состојба е стабилна. Нема никакви нарушувања во изборниот процес. Немаме забележано никакви посериозни нарушувања во изборниот процес, изјави денеска техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски.  Тој по гласањето во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ во општина Центар одговарајќи на новинарско прашање за екипираност на МВР, нагласи дека квалитативно и …

Повеќе »

Навреме отворени гласачките места во Куманово, Липково и Старо Нагоричане

Навреме се отворени гласачките места во Куманово, Липково и Старо Нагоричане, информираа денеска општинските изборни комисии. Елизабета Стојковска, претседателка ОИК Куманово соопшти дека сите избирачки места навреме се отворени. Во Куманово, право на глас имаат 93. 364 гласачи, кои гласаат на 167 избирачки места- Гласањето почна навреме и во Липково, …

Повеќе »

Отворени се сите избирачки места во десетте општини во Југоистокот

Сите 273 избирачки места во десетте општини во Југоистокот се отворени утрово во 7 часот, а право на глас во првиот круг на претседателските избори имаат 141. 167 гласачи. Според информациите од општинските изборни комисии, гласањето веќе тече, а освен неколку мали технички проблеми со фингер и УВ апаратите не …

Повеќе »

Во Кавадарци отворени гласачките места, се гласа за претседател на државата 

Во Кавадарци утрово навремено беа отворени гласачките места, се гласа за претседател на државата, информираше претседателката на Општинската изборна комисија, Емилија Петровска.  – Малку проблеми пак со убиг апаратите. Но, со помош на ИТ лицата, се е ставено во ред, нагласи таа за МИА.  Петровска потсети дека за вчерашниот ден, …

Повеќе »

Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани

Во 7 часот почна гласањето на првиот круг од седмите претседателски избори. Се гласа на 3. 480 избирачки места во земјава, на кои до 19 часот правото на глас можат да го искористат 1. 814. 317 граѓани.  Според заклучениот Избирачки список на Државната изборна комисија, за гласање во државата се …

Повеќе »

Почнуваат активностите за вежбата „Swift Response 24“

Од денеска почнуваат подготвителните активности за изведување на вежбата „Swift Response 24”, што е во рамки на кампањата на вежби „DEFENDER 24“ кои се во организација на командата на вооружените сили на САД за Европа и Африка „USAREUR-AF”, а се изведуваат секоја година на тлото на Европа, соопштија од Армијата …

Повеќе »

Лични документи можат да се подигнат и денеска

Лични документи можат да се подигнат и денеска, на денот на изборите, информираат од МВР. – Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 24. 04. 2024 ќе работат за издавање на лични …

Повеќе »

Изборните денови 24 април и 8 мај неработни за сите граѓани

 Денот на одржување на претседателските избори, 24 април 2024 година (среда) и на парламентарните избори, 8 мај 2024 година (среда) се неработни денови за сите граѓани на Северна Македонија. Работодавачите во наведените денови не треба да извршуваат дејност со исклучок на оние работодавачи каде работните процесите заради својата природа не …

Повеќе »

Наградени најдобрите студентски идеи на Хакатонот за зелено инженерство

Во рамки на Конференцијата за зелено инженерство, одржливи материјали и технологии за циркуларна економија, на Технолошко-металуршкиот факултет (ТМФ) денеска се одржа Хакатон во чиј фокус годинава се зеленото инженерство и циркуларната економија. Претставници на домашните компании ги слушнаа студентските иновативни идеи за ревалоризација на био и индустриските отпадни материјали, а …

Повеќе »