Тајм: Фаучи во списокот на 100 највлијателни луѓе за 2020 година 


Епидемилогот д-р Антони Фаучи, директор на Националниот институт за алергија и инфективни заболувања на САД, е во списокот на 100 највлијателни луѓе за 2020 година на американскиот неделник „Тајм”. 

-Кога пандемијата ја покажа главата, Фаучи беше меѓу првите кои исчекорија со факти и само факти. Тој не ги витка во обланда своите зборови и одбива да биде под притисок на политичарите. Ја кажува вистината, колку и да е тешка за слушање, искрено и со една цел – да спаси животи, пишува Џими Кимел, комедијант, во својота посвета за Фаучи. 

Додава дека со неговата храброст и одважност ја заработил довербата кај Американците.  

-Сите ние сме среќни што имаме човек со таква мудрост, искуство и интегритет, да ни помогне да пловиме во овие бурни води.  

Во списокот на Тајм, 100 највлијателни луѓе во 2020 година, се наоѓаат и поп-ѕвездите Меган Ти Сталион, Халси и групата „Д Викнд”,  

Во списокот се и оние кои одиграа клучна улога во борбата против коронавирусот на глобално ниво. Камила Рот, специјалист за инфективни заболувања од Минхен, која беше една првите кои забележаа дека коронавирусот се пренесува и од луѓе без симптоми. Потоа, Лора Гарнер, инжинер по информациски технологии која го изработи веб панелот за статистика на коронавирусот на универзитетот „Џон Хопкинс”, како и Ши Женгли, познат кинески вирусолог кој уште во 2015 година предвидел дека коронавируост може да се прошири од лилјаци на луѓе и да предизвика хаос. 

На листата се и претседателот Доналд Трамп, спикерот на Претставничкиот дом, демократката Ненси Пелоси и претседателскиот кандиндат Џо Бајден. кб/ сд/

Вашингтон 23 септември 2020 (МИА) 


Видете следно

Си-Ен-Ен: Бајден на првиот работен ден ќе смени серија лоши или неостварливи одлуки на администрацијата на Трамп

Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден, планира на неговиот прв работен ден во Белата куќа …