Таравари: Треба сериозно да разгледаме и лично сум за повлекување на соработката на АА со Арсовска


Градоначалникот на Гостивар и генерал секретар на Алијанса за Албанците (АА), Арбен Таравари смета дека вчерашниот инцидент кај плоштадот на споменикот на „Скендербег” е провокација и „смислено сценарио на партиите на власт”.

– Ќе видите полицајци кои стојат и не реагираат, а плус има и луѓе блиски од ДУИ облечени во цивилна облека, рече Таравари на гостувањето во „Студио 10″ на телевизија 24.


Негов личен став е дека по вчерашното разрешување на в.д. директорот на „Комунална хигиена” – Скопје, чиј брат употреби пиштол во вчерашниот инцидент, Алијанса за Албанците треба да размисли за прекин на соработката со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

– Не оправдувам употреба на оружје, но да се провоцира? Луѓе сме, реагираме афективно. Лично мислам, а не во име на партијата, бидејќи има партиски тела кои ќе го кажат последниот збор, дека ваквиот начин на функционирање, не вреди да се одржува повеќе. Треба сериозно да разгледаме и лично сум за повлекување на соработката со Арсовска, изјави Таравари. бак/сп/


Скопје, 7 јули 2022 (МИА)


Видете следно

Продолжува „сагата” на поднесување бизарни претставки до АХВ

Сосед ги храни уличните кучиња и мачки кои се собираат во голем број, а потоа …