Tаткото на Асанж со изглед помлад од својот син: Јас имам 74 години, но изгледам подобро отколку тој на 47 (Фото)


Таткото на основачот на Викиликс Џулијан Асанж – Џон Шиптон, го коментираше апсењето на својот син во Велика Британија пред локалното издание The Herald Sun. Шиптoн изјави дека го видел видеото, на кој се гледа како лондонската полиција го извлекува неговиот син од амбасадата на Еквадор во британскиот главен град.

“Јас имам 74 години, но изгледам подобро отколку тој на 47. Тоа е шокантно!” – рече Шиптон. Тој навистина изгледа како многу стар човек, кога го влечеа полицајците – неговата сива коса, во комбинација со густа сива брада, создаваше сличен впечаток. Шиптон изјави дека веќе се обратил кон премиерот на Австралија Скот Морисон со барање да преземе мерки во врска со апсењето на Асанж. Морисон изјавил дека Асанж, како граѓанин на Австралија, се разбира, ќе добие стандардна конзуларна поддршка, но за некакви “специјални мерки” за овој случај едвај може да станува збор.

Џулијан Асанж е во лондонскиот затвор “Белмарш”, но таму конечно ќе може да добие медицинска нега и полесно да се среќава со своите адвокати. Ова го изјави Кристин Хравенсон, главен уредник на вебсајтот “Викиликс”. Според него 47-годишниот Асанж страда од остри болки во рамото и во забите. “Имам во предвид дека еден невин човек е во затвор поради својата работа како новинар и тоа е скандалозно”. Според главниот уредник на “Викиликс” Асанж е во релативно добра душевно состојба имајќи го во предвид стресот, на кој бил подложен во последните денови.


Видете следно

Повеќе од 60 издавачи од Северна Македонија, Унгарија, Србија, Косово, Албанија, Данска се дел од 31-то издание на Меѓународниот саем на книгата

Повеќе од 60 издавачи од Северна Македонија, Унгарија, Србија, Косово, Албанија, Данска се дел од …