Што изјави таткото на Ел Чека за „бомбите“ (Видео на ТВ 21)


Мустафа Ахмети, таткото на Шеќерим Ахмети, познат како Ел Чека, во разговор за ТВ 21 вели дека аудио снимките кои се главно насочени против функционери на ДУИ, неговиот син не ги добил од новиот директор на Агенцијата за разузнавање.

„Немаме ништо лично со никого. Овие проблеми се однесуваат на сите Албанци. Нашата цел е да ги откриеме сите подземни работи со кои се занимавале овие луѓе кои денес се инсталирани во системот“, вели Мустафа Ахмети.

Toj за телевизијата изјави дека Еролд Муслиу е некако поврзан со настаните во кумановско Диво Насеље и дека овој настан бил креиран од тајните служби.

Пријателите и поддржувачите на синот на Мустафа Ахмети, се собрале во една кафитерија во близина на Ректоратот во Тетово, пред да го започнат најавениот протест против, како што велат, Али Ахмети и кланот на Зајас.

За целиот текст на ТВ 21


Видете следно

Героски: Доаѓа време да ви раскажувам за вистинските фраери и за улогата на Каки, Заки, Трики, Раки …

Завршив и со бедниот извршител Коки. Белким не помисливте дека поради една таква колосална будала …