TBG Digital: Рекламата во социјалните мрежи поевтинува


Во просек за 24% е намалена цената на клик за рекламирање на Facebook во последното тримесечје од 2012 во однос на четвртиот квартал од 2011. Ова се вели во извештајот на TBG Digital, базиран врз работата на компанијата со 306 клиенти во повеќе од 190 земји.

Според аналитичарите од TBG Digital овој тренд се должи на опцијата за објавување “Desktop + Mobile News Feed”.

“Изгледа дека објавувањето на двете места дава повеќе видливост кај помалата конкуренција”, се посочува во извештајот. Во САД се зема предвид 157% раст на CTR во четвртиот квартал на 2012 однос Q4 претходната година.

“Страничните панели, најмногу поради News Feed, имаат најголема прегледност и корисниците имаат тенденција да обрнат повеќе внимание на содржината објавена таму”, велат од TBG Digital.

Аналитичарите од компанијата предвидуваат дека цената на клик ќе паѓа, а фреквенцијата на прегледност ќе расте.

Се чини дека CTR на спонзорираните твитови кои се прикажани при пребарување по клучни зборови, се со 88% повисоки од CTR при платената содржина која се појавува на ѕидот на корисниците.


Видете следно

Вицепремиерот Анѓушев во посета на општина Градско: Се решаваат реални проблеми на граѓаните

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, заедно со министерот …